Завчера во Скопје, на мечот меѓу Македонија и Израел, во ложата на Арената беше и делегацијата на Фудбалската Федерација на Косово. Истата беше предводена од претседателот Агим Адеми и селекторот Бернард Шаландес. Во изјава дадена на напиот колега Решат Ибраими од Лајме, Адеми изјави:

„Да, бевме во Скопје и го следевме мечот меѓу Македонија и Израел. Познато е дека наш ривал во баражот за пласман на ЕП ќе биде токму вашата земја, па затоа и бевме на овој натпревар. Морам да кажам дека овој натпревар не беше тежок, не решаваше за ништо во групата за да во детали се дознае со каква моќ и со каков квалитет располага Македонија. Од друга страна видовме една репрезентација која не треба воопшто да се потцени, но јас сум убеден дека Косово има похомоген состав. Познато е дека овој меч на 26 март следната година ќе се игра во Скопје“ заврши Адеми.