Унаи Емери изјави дека Гранит Џака би можел да се врати во составот на Арсенал против Саутемптон во сабота, и покрај тоа што неодамна тврдеше дека не е сигурен дали Швајцарецот повторно ќе игра за клубот.

Џака (27) беше лишен од капитенската лента по неговата лута пресметка со навивачите на „топчиите“ на средбата со Кристал Палас минатиот месец. Играчот од средниот ред не се појави на последните четири натпревари за Арсенал, но Емери чувствува дека сега е подготвен да го врати.

„Сепак, ќе одлучиме во петок“, рече Емери.