Никој од 36-те судии кои беа дел од Олимписките игри 2016 година во бокс, нема да бидат дел од ОИ во Токио 2020 година, одлучи Интернационалниот олимписки Комитет.

Неколку судии беа испратени дома уште за време на ОИ во 2016, поради контроверзни одлуки во текот на турнирот во бокс.

ИОК најави дека наскоро ќе се знае кои судии ќе судат на ОИ идната година, односно објави нов конкурс за судии и официјални лица.