Откако не се најде на списокот за настапи во Лигата на шампионите за Јувентус, се поизвесно е дека германскиот репрезентативец Емре Џан, ќе замине од Торино.

Според француските медиуми, ПСЖ веќе почнал преговори со Џан за неговиот потпис и ангажман. Трансферот би можел да се случи уште во јануарскиот преоден рок.