После ждрепката во Нион, која одреди Македонија да не биде домаќин на финалето од Лигата на Нации, туку победникот од дуелот Грузија – Белорусија, Игор Ангеловски рече дека неговите мисли се само кон првиот меч.

“Ждрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар” За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари”, рече Ангеловски.