Репрезентативната пауза беше добредојдена за Работнички, тимот да закрепне од повредите и да се подготви за вториот дел од есенската полуетапа во која главната цел е да се избегне дното на табелата. „Романтичарите“ утре, ќе гостуваат во Ѓорче Петров и ќе ги одмерат силите со Македонија ЃП.

„Паузата ја искористивме за да исправиме дел од грешките и подготвено го очекуваме продолжението од првенството. Се надеваме на многу подобри игри и резултати во следниот период. Посакуваме позитивната низа да стартува од утрешниот натпревар во Ѓорче Петров. Но, нема да биде лесно, бидејќи Македонија ЃП е квалитетен состав и посебно добро игра пред сопствените гледачи“, вели тренерот Марјанчо Андрески.

Мечот меѓу Македонија ЃП и Работнички се игра утре, со почеток во 13 часот, а главен судија е Александар Грујоски од Кичево.