Синиша Михајловиќ пред два дена ја напушти болницата во Болоња, по третиот циклус на терапија во борбата со леукемијата, а клубот и болницата излегоа и со официјално соопштение во кое информираа дека стратегот бил опериран.

Поточно му била извршена трансплантација на коскена срж и дека неговата здравствена состојба е задоволителна.

„Синиша Михајловиќ денеска, 22 ноември 2019 година е отпуштен од Институтот за хематологија по извршената трансплантација на коскената срж од непознат донор на 29 октомври 2019 година. Состојбата на пациетот и неговите хематолошки наоди се задоволителни“ – стои во соопштението од болницата, кое клубот го објави на својот сајт.