Во денешниот меч од 12. коло во ракометната Суперлига, ракометарите на Бутел, се чини, немаа многу проблеми да обезбедат победа над екипата на Вардар Јуниор. По неизвесното прво полувреме во кое домашните водеа само со еден гол разлика (13:12), во вториот дел работите драстично се променија.

Бутел заигра поангажирано во одбраната, имаше добра реализација и на крајот успеа да се избори за триумф од 28:20. Ова беше деветтата победа на Бутел сезонава, кој има и едно реми и два порази. На лидерското место останува Металург кој има бод повеќе од Бутел и Охрид, но и меч помалку од бутелчани.