Откако го решија едниот проблем, односно Зоран Кастратовиќ ќе остане тренер на Металург, клубот од „Автокоманда“ го решава другиот, со грузискиот репрезентативец Иракли Кбилашвили.

Поради проблеми со визата за престој тој беше депортиран по враќањето во неделата, поточно „заглави“ во Загреб каде го решава овој административен проблем.

Според информациите од клубот, Кбилашвили попладнево треба да се врати во Скопје и доколку се е во ред тој веќе в недела ќе биде во составот на Металург за реванш натпреварот против Горење Велење во третото квалификациско коло од ЕХФ купот.