Само два месеци откако седна на клупата на аргентинскиот клуб Гимназија, Диего Марадона најави дека заминува од клубот.

Причината за ваквиот чекор беше заминувањето на претседателот Пелегрини, кој го донесе Марадона на тренерската функција.

Но, Пелегрини нема да го напушти клубот, туку ќе продолжи да работи како главен секретар на клубот, па така и Марадона се предомисли и ќе ја води Гимназија на следниот првенствен меч со Арсенал.