Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни денеска со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка.

Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од „металците“ и по три години се реши да бара нова средина.

„МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што досега прикажа настапувајќи за нашата екипа и му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата.“, се вели во соопштението на МЗТ.