Доколку во скоро време дојде до отказ или оставка од Карло Анчелоти, Наполи веќе има најдено заменик. Тоа е Симоне Инзаги кој во моментов е на клупата на Лацио.

Италијанскиот тренер има договор со „лацијалите“, но доколку Наполи плати соодветно обесштетување, би можел да го добие неговиот потпис.

Анчелоти е на „удар“ во Наполи, особено по последните слаби резултати, па се шпекулира за негова смена.