Тренерот на Бреша, Фабио Гросо го избркал Марио Балотели од вчерашниот тренинг, јавуваат италијанските медиуми. „Супер Марио“ неофицијално влегол во вербален дуел со стратегот, поради несогласување.

Според првиот човек на клубот Масимо Челино причината за нервозниот однос на Балотели е судирот во кој фудбалерот влезе со навивачите на Верона, по првенствениот меч пред неколку недели, во кој тие го нападнаа на расистичка основа.