Порто има нов договор со напаѓачот Фабио Силва. Клаузулата за откуп на 17-годишниот Португалец е 125 милиони евра!

Фабио Силва е најмладиот играч во историјата на Порто кој оствари официјален настап. Тој е исто така најмладиот играч во историјата на тимот што успеал да постигне гол во некој од европските натпревари.

Оваа сезона Силва запиша пет натпревари во португалското првенство, постигнувајќи 1 гол.