На првиот натпревар од контролниот турнир во Анталија, Турција, во рамките од ЕХФ неделата, македонската женска ракометна репрезентација ремизираше до Италија, 29:29 (16-13).

Негативата од три поени на полувремето Македонија успеја да ја достигне во вториот дел со постабилна игра и во нападот и во одбраната.

Македонија утре ја очекува двојна програма, во 11:30 часот ќе игра со Турција Б, додека од 17 часот играме со првиот тим на домаќинот.