Тениската репрезентација на Србија го заврши настапот во четвртфиналето на Дејвис купот во Мадрид, откако денеска со 2-1 беа поразени од селекцијата на Русија. Решавачката победа не успеаја да ја донесат Новак Ѓoковиќ и Виктор Троицки во игра на двојки.

Претходно, Филип Крајиновиќ беше поразен од Андреј Рубoљев, а Ѓоковиќ го совлада Карен Хачанов. Крајиновиќ одигра катастрофален меч и заслужено доживеа дебакл од Рубљев со 6:1 и 6:2 за само 52 минути игра. Тоа значеше дека Ѓоковиќ мораше да го победи Хачанов за да ја сочува Србија со шанси за полуфиналето. Ѓоковиќ славеше со 6:3, 6:3, но во решавачкиот дуел во игра на двојки не успеа.

Ѓоковиќ и Троицки беа поразени од руската двојка Хачанов/Рубљев со резултат 6:4, 4 6, 7:6 (10-8) и со тоа им го предадоа местото во полуфиналето на Русите, кои пред себе како ривал во полуфиналната пресметка ја имаат Канада, која во четврфиналето со 2:1 во партии беше подобра од Австралија.