Јувентус го објави составот со кој ќе патува на гостувањето кај Аталанта во Серија А утре, со тоа што Кристијано Роналдо не е вклучен во тимот.

Ова можеби и не треба да биде изненадување, со оглед на тоа што Маурицио Сари за време на својата прес-конференција изјави дека играчот со број 7 со голема веројатност нема да патува со тимот поради истата повреда која што го натера да излезе од игра порано и на средбата со Милан пред две недели.

Сега е официјално дека Роналдо е оставен дома да закрепне, и ќе биде поштеден за да се подготвува за средбата со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во вторник.

Другите отсутни се Адриен Рабио и Алекс Сандро, двајцата се здобиле со повреди, но Миралем Пјаниќ и Блеис Матуиди се вратија во тимот.