Англиските нисколигаши Тантон Таун и Труро Сити за малку ќе поставеа нов рекорд во шутирање на пенали, откако им било потребно половина час и 34 изведени удари од 11 метри за да го добијат победникот во регионалниот Челинџ куп.

По регуларниот дел мечот завршил 2:2, додека по продолжението на семафорот било 3:3.

Потоа следи драмата и пенал-серијата која траела точно 34 минути и во која се изведени исто толку удари пред да се добие победникот.

 

Со ова е изедначен и рекордот во должина на пенал серијата во Англија, поставен во 2016 година во меч меѓу екипите на Челси и Оксфорд од У23 конкуренција.

Што се однесува на светско ниво рекордот е поставен во 2005 година кога во Намбискиот куп победникот меѓу Палас и Сивикс е добиен по 48 пенали.