Поранешниот играч на ЦСКА Софија, Тончи Кукоч, се откажал од 100.000 евра кои требало да ги добие како отштета, и тоа само поради тоа што – го сакал клубот.

Тој ги нападна другите фудбалери кои прво се „колнат“ во верност, а по три месеци бараат само како да земат пари.

„Сите зборуваат за љубов кон ЦСКА, а после шест месеци бараат пари од клубот. Играчите го бакнуваат логото, но не затоа што ја сакаат ЦСКА. Туку за да ги лижат за**иците на фановите. Кога го напуштив клубот, простив повеќе од 100.000 евра. Немам потреба некој да ми каже „благодарам“. Имам едно, а не како другите – 100 лица“, рече Кукоч.