Иако лесно беа пуштени од Челзи, а сега се едни од најдобрите играчи во Ливерпул, односно во Манчестер Сити, Џон Тери вели дека е добро што од тимот си заминале Мохамед Салах и Кевин де Брујне.

„Видов играчи како Салах и де Брујне кои не можеа да ги исполнат очекувањата на Мурињо. А, тој немаше време да ги чека, со оглед дека беа премлади. За тоа да го сторите, требаше тогаш да ги тргне Даф и Робен. Драго ми е што Салах и Де Брујне заминаа во други екипи, и покажаа дека се одлични фудбалери“, изјави Тери.