Дисциплинската комисија на УЕФА се подготвува да ја казни Србија поради извиците на натпреварот со Украина. Имено, од трибините можеа да се слушнат извици како „Косово е Србија“, и од тука, според пишувањата кај нашиот северен сосед, федерацијата се соочува со казна.

Казната може да биде парична, или во најлош случај играње без публика. Меѓутоа со оглед на минатото, Србите веројатно ќе мора да  играат и еден меч пред празни трибини на домашен терен.