Полуфиналниот меч со Косово во рамките на Лигата „Д“ во Лигата на Нации ќе се одигра на 26 март од 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. По денешната ждрепка со која се одредија домаќините на т.н. финални натпревари во секоја од лигите, УЕФА ги објави и конечните термини за почеток на натпреварите.

Првото полуфинале во секторот „Д“ меѓу Грузија и Белорусија ќе се одигра со почеток од 18 часот на стадионот во Тбилиси.

На 31 март кога се закажани финалните дуели, ако Македонија победи против Косово ќе патува или за Тбилиси или за Минск, а дуелот ќе започне од 18 часот.