Најголемото дерби на хрватскиот фудбал помеѓу Динамо и Хајдук на „Максимир“ заврши со поделба на пленот (1:1) во рамките на 16. коло на Првата ХНЛ. „Модрите“ и понатаму се први и имаат четири бода повеќе и меч помалку од Хајдук.

Првакот и лидер на табелата доминираше во поголемиот дел од двобојот пред 15.000 гледачи кои направија убава атмосфера, но не успеа да го турне ривалот ни во вториот обид сезонава, а сега благодарение на голманот Марин Љубиќ кој одигра маестрално. Динамо поведе со автоголот на Ардиан Исмаили, а изедначи Мијо Цакташ од пенал во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Тоа е така во фудбалот. Против Ријека имавме помалку шанси, а веќе водевме со 4:0 на полувреме, а сега имавме повеќе шанси, а резултатот 1:1. Хајдук немаше ниту една шанса, а зема бод. Нормално дека тоа е шок, да се прими гол на полувреме во кое апсолутно доминиравме. Но тоа е фудбалот“, изјави тренерот на Динамо Ненад Бјелица.

Инаку ова беше 221. меч помеѓу овие ривали.

Standings provided by Sofascore LiveScore