Стратегот на европскиот првак Вардар нема да смета на бекот Кристијан Дисингер на денешното гостување во Белорусија против Мешков Брест во рамките на Лигата на шампионите. Од 17 ракометари кои отпатуваа од ростерот отпадна Германецот, кој санира повреда. Даинис Кристопанс го пропушти двомечот со Келце, но се враќа за битката против своите, со оглед на тоа дека претходно беше играч на Мешков.
Кокшаров повторно ќе смета на тројца голмани – Гедбан, Кугис и Кизиќ. Мечот меѓу Мешков Брест и Вардар е закажан за попладнево 17:30 часот