Во пресрет на денешното 13.коло во Втората лига – Запад, главно прашање е дали Пелистер по пауза од четири меча, ќе успее конечно да победи. Ќе успее ли конечно новиот тренер Зоран Штерјовски да се израдува на трите бода. Се чини може и мора зошто во Битола денеска гостува „фенерџијата“ Охрид.

Интересно ќе биде во Струга каде домашниот Лабуништа во дербито на колото го дочекува Скопје, се среќаваат третиот и првиот тим на табелата. Вардар (Ф) игра со Влазерими, Кадино со Дрита а Кораби со Гостивар.

 ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА 13 Ч

ВАРДАР (Ф) – ВЛАЗЕРИМИ

ЛАБУНИШТА – СКОПЈЕ

КАДИНО – ДРИТА

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

КОРАБИ – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 22

2.ПЕЛИСТЕР 21

3.ЛАБУНИШТА 21

4.ВЛАЗЕРИМИ 21

5.ГОСТИВАР 19

6.ВАРДАР (Ф) 17

7.ДРИТА 16

8.КОРАБИ 15

9.КАДИНО 8

10.ОХРИД 8