Она што е стандардно сценарио кога е во прашање Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, сега го пресликаа и во СЕХА лигата, па наместо прва гостинска радост сезонава, “фармацевтите” претрпеа минимален пораз 27:26 (11:12) на гостувањето во Шабац кај Металопластика.

Вегар со осум гола и Јотиќ со седум погодоци беа најефикасни во редовите на битолскиот тим.

Одлично отворањето на средбата имаа “фармацевтите” со серија од 0-4, додека Металопластика дури по десет минути игра преку Милиќ дојде до прв погодок.

Дека се решени во Шабац да дојдат до прва гостинска победа сезонава ракометарите на Еурофарм Работник потенцираа во секој сегмент од играта во првиот дел, кога имаа и највисоки +5 (4:9, 5:10), но до крајот на полувремето домашните се вратија во мечот, па на одмор имаа само еден негатива, 11:12.

Металопластика покажа поголема решително во второто полувреме. Веднаш изедначи на 12:12, а потоа иако во неколку наврати македонскиот вицешампион имаше и три гола предност, домашните се враќаа на егал.

Веќе навикнавме на драмите на “фармацевтите” кои до крај средбата играа гол за гол, а Матичиќ со погодокот од пенал им пресуди во последната минута за триумф на Металопластика.