Кариерата на големата надеж на италијанскиот фудбал Пјетро Пелегри оди по надолна линија поради честите повреди. 18-годишниот фудбалер нема среќа бидејќи туку што заздрави од една повреда заработи друга и повторно ќе паузира.

Дури 512 дена Пелегри поминал надвор од терените, а последниот меч го одиграл во септември 2018 година. Тој прејде од Џенова во Монако во јануари 2018 година за 25 милиони евра, а досега одигра само шест натпревари.

Никако младото момче да фати ритам и да го искаже својот фудбалски потенцијал.