Бадијала што во Ѓорче Работнички е подобар, што имаше барем 3-4 идеални шанси кога Македонија ЃП води по првите 45.минути на скопското дерби со 1:0. Се играше 15.минута кога стоперите на „романтичарите“ Клисура и Илиќ направи несфатлив кикс и му подарија шанса на Јашаровски а овој ја погиди мрежата на Шиковски. „Лавовите“ имаа можност за 1:0 преку Воша, а од тогаш до крајот на првиот дел гостите имаа шанси преку Марковиќ двапати, Тошевски двапати и Шаркоски. Работнички не заслужи да губи, но самиот си е виновен кога не знае да даде гол.