Супер сензација во Штип и тоа на роденденот на „фаланга“. Брегалница одигра само 1:1 против Саса, во екстра значаен меч за штипските „сини“. Брагалница загуби два големи, екстра големи и драгоцени бодови во битката за првото место. И затоа е виновен штипјанецот Горан Здравков, миленикот на публиката кој вечерва во Штип во дресот на Саса постигна супер гол од 25 метри. Тоа се вели со свој камен по глава

Значи Здравков и Саса просто ја расплакаа Брегалница, која сега може да жали и ништо повеќе. Интересно е тоа што на 0:0, Брегалница можеше да поведе и тоа од пенал, но Настевски не успеа да погоди, гостинскиот голман му ја фати жива таа топка. Во 53.минута Марковски си дава автогол и Брегалница сепак поведува, но затоа во 87.минута маестро Горан Здравкој просто ја олади домашната публика која стана и долго му ракоплескаше на Здравков на овој негов еврогол.

Ова беше последниот меч од 13.коло во Втората лига – Исток.

 

ТАБЕЛА

1.БЕЛАСИЦА 31

2.БРЕГАЛНИЦА 28

3. ТИКВЕШ 27

4. КИТ ГО 27

5.КОЖУФ 26

6.САСА 17

7.ПЛАЧКОВИЦА 12

8.ПОБЕДА 8

9.ОСОГОВО 6

10.ПИТУ ГУЛИ 3