Чаир си ги има „шверцерите“, една од нашите најголеми навивачки групи, кои деновиве го прославија својот 30-ти роденден. По повод роденденот, во МНТ се одржа свечена манифестација на која во преден план беше онаа славна генерација на Слога Ј (Шкупи по ново) од 1999 до 2001 година која освои три титули по ред, која просто газеше во домашниот шампионат. Па така на дел од играчите како и на тренерот Ѓоре Јовановски им беа доделени специјални признанија. Тука беа Беќири, Шабани, Рамадан, Демири, Бајрами, браќата Нухиу, Станковски и уште многу други славни фудбалски имиња кои некогаш играа за еден од нашите најтрофејни и најголеми клубови.