Лидерот ја прекина одличната победничка серија, ја прекина и серијата од победи со чиста мрежа на Арената. Вардар со Шкупи одигра само 1:1 и може да жали, но за тоа самиот си е виновен. По којзнае кој пат се докажа дека шансите мора да се користат на вакви мечеви зошто во спритивно казната стигнува. А казната беше жестока и тоа во името на Диак во таа 72.минута.

Се одигра убаво дерби, „комитите“ малку во свој елемент па затоа имаше и мал прекин од страна на судијата Јосип Бартон, што на момент ги зовре страстите. Но без тоа не се може кај нас во Македонија, нели.