Деонте Вајлдер во седмата рунда го нокаутира Луис Ортиз, со тоа Американецот ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата ВБЦ. Ова беше негова 42 победа од која 41 со нокаут. По спектаклот кој се одржа утринава во наше време во Лас Вегас, познато е дека сега Вајлдер ќе се бори со Тајсон Фјури. Инаку ова беше 10 одбрана на светската титула за Вајлдер.

Во текот на борбата Ортиз добро се држеше, во некои моменти имаше и предност, но затоа дојде таа седма рунда и Кубанецот беше немоќен.

„Еве сега гледате зошто ниту еден боксер не сака да се бори со Ортиз. Многу е лукав и знае како да се однесува во секој момент. Кога најдов слаба точка кај него успеав да ја искористам и затоа победив“ рече светскиот првак.

„Ова е бокс, реков и претходно дека нема оваа борба да оди до 12 рунда. Беше јас или тој, се обидов да стана по броењето кое беше малку побрзо од тоа што мислев“ посочи Ортиз.