Искусниот дефанзивец Хавиер Маскерано ја напушта Кина и се враќа во родната Аргентина, откако се согласи да потпише договор со Естудијантес, објави клубот од Ла Плата.

Поранешниот член на Барселона ќе се врати во Аргентина по 14 години на „печалба“ и ќе стане нов играч на Естудијантес на 31 декември, кога истекува неговиот договор со кинески Хебеј, за кого игра од јануари 2018 година.

Голема заслуга за овој трансфер оди кај Хуан Себастијан Верон, кој е претседател на Естудијантес и поранешен играч на репрезентацијата на Маскерано.

Маскерано играше за Ривер Плата, потоа за бразилски Коринтијанс, и англиските клубови Вест Хем и Ливерпул, како и за Барселона.