Рафаел Надал и неговите колеги од шпанската селекција, се победници на овогодинешниот Дејвис-Куп, откако во финалето ја совладаа Канада со 2:0.

Најпрво Баутиста го совлада Оже-Алијасим со 2:0, а потоа Надал беше поуспешен од Шаповалов, за конечен триумф на Шпанците.

Доколку Канада израмнеше, тогаш ќе се играше дубл за да се добие конечниот победник, но Надал успеа да ја заврши работата, за негов петти трофеј во ова натпреварување.