Кошаркарот на Чикаго, Зак Лавин ја обележа ноќта во НБА лигата, со оглед на тоа дека стана третиот играч во историјата на најсилната лига во светот (по Клеј Томпсон и Стеф Кари) кој дал повеќе од 13 „тројки“ на еден натпревар.

Лавин токму со „тројка“ му донесе победа на Чикаго над Шарлот (116:115) и тоа во последните секунди од мечот. Тој постигна вкупно 49 поени, што е рекорд на кариерата за него, од кои имаше дури 13 прецизни шутеви за три поени.

Актуелниот шампион Торонто ја победи Атланта со 119:116 предводен од одлично расположениот Паскал Сиакам, 34 поени, додека на спротивната страна ниту трипл-дабл учинокот на Тре Јанг, 30 поени, 10 скокови и 10 асистенции не можеше да помогне.

Леброн Џејмс со 30 поени ги предводеше Лејкерси во победата над Мемфис (109:108). „Езерџиите“ имаа двоцифрена негатива се до средината на втората четвртина, но на крајот се изборија за пресврт и за 14 триумф сезонава.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Чикаго            115:116

Индијана – Орландо    111:106

Атланта – Торонто         116:119

Њујорк – Сан Антонио 104:111

Филаделфија – Мајами               113:86

Кливленд – Портланд  110:104

Мемфис – Л.А. Лејкерс                108:109

Милвоки – Детроит      104:90

Јута – Њу Орлеанс         128:120