Фудбалерите на Болоња успеаја да ја прекинат серијата од три последователни порази откако во последните секунди од натпреварот со Парма погодија за нерешени 2:2.

Гостите го започнаа натпреварот одлично, а Дејан Кулушевски со одлична партија и гол во 17. Минута донесе водство за „млекарите“. Болоња, сепак, успеа да постигне гол на пет минути пред паузата и да замине на одмор со нерешени 1:1. Стрелец на голот беше Паласио.

Во вториот дел, Кулушевски повторно се истакна, но овој пат не успеа да погоди за ново водство. Сепак, по еден брз контранапад Јакопони постигна гол во 71 минута за ново водство на гостите. Спасот за Болоња го донесе Џемаили во петтата минута од судиското продолжение за конечни 2:2.