И дефинитивно е јасно дека кај нас во пониските лиги има повеќе гледачи. Најслабо посетена е онаа елитната Прва лига каде што некогаш се случува на сите пет мечеви да нема ни 1.000 гледачи. А вчера во Добри Дол, на „Глобал Арената“ во дербито на Третата лига – Запад имаше дури 4.000 фанови. Тоа беше фудбалска фешта, а домашните, екипата на Беса на крајот се радуваа на победата од 2:1 и трите бода. Сега тие се први со 27 бодови  пред „штофарите“ кои останаа на 25.