Дали Фил Џонс треба да е предводник на дефанзивниот ред на Манчестер Јунајтед или не? Тоа е дилемата што изминатите неколку сезони се поставува на Островот. Многумина велат дека Џонс не треба повеќе да биде во Јунајтед, но има и такви што не го делат нивното мислење. Сер Алекс Фергусон кој го донесе бекот во Манчестер кажа дека тој има предиспозиции да стане најдобриот дефанзивец во светот, затоа што е физички јак, многу е подвижен и може да одигра квалитетно на секој дел од теренот. Со други зборови каде што треба тој ќе покрие.

Денеска кумуваше на погодокот на Шефилд за водство. Тој не го издржа дуелот со противничкиот играч и се струполи на тревата, а гостинските фудбалери дадоа гол.

Што мислите вие…