Тренерот на Шкендија Ернест Ѓока, истакна задоволство од шесте постигнати гола против Ренова и убедливиот триумф, меѓутоа истакна дека тимот го чека уште работа ако сака да ја оствари целта, односно освојување на првото место.

„Полека тимот почнува да одговора на она што го бараме. Ни треба уште работа. Ми се допадна играта денеска, бидејќи на вакви дербија секогаш е тешко да се игра. Драго ми е поради тоа што различни шест играчи ги постигнаа головите. Останува уште многу да работиме, затоа што првенството е долго. Ја намаливме разликата од лидерот, но и натаму сме далеку од целта, а тоа е првото место“, истакна Ѓока.