Викендов со натпреварите од последните кола завршија есенските полусезони во сите пет региони. Освен во Северниот регион, каде што Фортуна има големи осум бодови предност во однос на Маџари, во сите останати конкуренции напролет ќе се води вистинска битка за првото место кое води ранг погоре. Да кажеме дека на третата позиција во Северниот регион е тимот на Студена Вода.

Во Централниот регион екипата на Превалец од Велес, сезонава ја заврши со 34 бодови, два повеќе од Росоман и четири од Напредок. Тука ќе има голема битка во вториот дел од сезоната.

Во Југозападниот регион екипата на Велешта е прва со 31 бод, пред Црно Буки со 25 и Фљамуртари со 22 бода. На западот се чини дека е најинтересно. Во последниот меч од есенскиот дел, Чаклани на свој терен го победи Тетекс и со стана есенски првак, додека како трет заврши тимот на Зајази. И во последниот регион, оној Јужниот, првото место го освои составот на Слова Виница со 30 бодови, втор е тимот на Овче Поле со 27 а трет пак тимот на Василево со 17 бодови.

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИОН:

ТАБЕЛА

  1. ПРЕВАЛЕЦ 34
  2. РОСОМАН 32
  3. НАПРЕДОК 30

 

ЈУГОЗАПАД:

ТАБЕЛА

  1. ВЕЛЕШТА 31
  2. ЦРНО БУКИ 25
  3. ФЉАМУРТАРИ 22

 

СЕВЕР:

ТАБЕЛА

  1. ФОРТУНА 37
  2. МАЏАРИ 29
  3. СТУДЕНА ВОДА 28

 

ЗАПАД:

ТАБЕЛА

  1. ЧАКЛАНИ 27
  2. ТЕТЕКС 25
  3. ЗАЈАЗИ 22

 

ЈУГ:

ТАБЕЛА:

  1. СЛОГА В 30
  2. ОВЧЕ ПОЛЕ 27
  3. ВАСИЛЕВО 17