Милан е во невидена криза. Некогашниот гигант е на колена, имаше и тренерска смена, но Малдини и Бобан се чини тешко се снаоѓаат како раководен тандем на клубот. Едноставно клубот е во хаос. Нема никаква дисциплина во екипата, а доказ е фотографијата која „излезе“ во италијанските медиуми од соблекуалната на Милан и тоа на час пред дербито со Наполи. Се гледа како играчите си „играат“ со своите мобилни, изгледа дека фејсбукот и твитерот им се поинтересни отколку натпреварот што следува. Секако дека фановите „збеснаа“, а прв на удар е Хрватoт Анте Ребиќ.