Во изминатите две недели постојано се пишува дека првиот човек на Наполи Аурелио де Лаурентис ги казнил фудбалерите поради непослушност, а и дека најлошо поминал Лоренцо Инсиње, но тренерот Карло Анчелоти ги демантира тие гласини.

Италијанскиот тренер очигледно сака да го сочува мирот во куќата, а никој не му верува, но никој не може да го обвини искусниот стратег кој сака да ги смири страстите и малку да го крене моралот на екипата пред важниот меч со Ливерпул на „Енфилд“.

„Одлучивме да не зборуваме и да се сконцентрираме само на теренот. Истовремено, тоа даде повода на многумина да пишуваат глупости на наша сметка. Атмосферата во клубот е многу поопуштена отколку што луѓето мислат и зборуваат. Не постои каква војна во клубот, никакви несогласувања и слично. Сите во тимот пробуваме да ја анализираме нашата игра која не таква каква што очекуваме. Тоа важи само за Серија А додека во ЛШ сме на добар пат“, изјави Анчелоти кој се насочи кон мечот на „Енфилд“.

„Екипата е фокусирана на натпреварот затоа што сега ни недостасува само момент на магија за да излеземе од тешкиот момент и да почнеме да го покажуваме нашиот полн потенцијал“, додаде Дон Карло.