Интересни моменти и многу голови на првите натпревари од  5.коло во Лигата на шампионите. Дербито на колото се играше на „Сантијаго Бернабеу“ каде Реал го пречека ПСЖ со желба за одмазда за поразот во Париз. А „кралевите“ убаво тргнаа, имаа игра, шанси, водеа со 2:0, но за две минути прокоцкаа се што градеа дотогаш.

Бензема во 17 и 79 минута ги доведе мадриѓаните во предност од 2:0, а потоа два брзи гола на ПСЖ. Мбапе погоди по големата грешка на Варан, а веќе во наредната акција дефанзивците на Реал заспаа и Сарабија ја затресе мрежата на домашните. Мора да кажеме дека и голманот на парискиот тим Кејлор Навас имаше свое шоу затоа што одбрани дузина шутеви на избраниците на Зидан. Па така ПСЖ ќе го освои првото место во групата, а Реал останува втор.

На „Вајт Харт Лејн“  Жозе Мурињо во второто полувреме ја најде победничката формула на Тотенхем за Олимпијакос. Грчкиот вицешампион водеше со 2:0 во првите 20 минути, но домашните се стабилизираа и ги вратија работите на место. Али намали пред крајот на првото полувреме, а во второто со два гола на Кејн и еден на Орие „Спарс“ стигнаа до победа од 4:2 и второ место во групата кое води во осминафиналето. Тука прв сигурно ќе заврши Баерн кој вечерва ја демолира Звезда на „Маракана“.

Аријан Адеми ја носеше капитенската лента на Динамо во дуелот со Аталанта во Милано. Но „Модрите“ имаа лош настап и заслужено се поразени. Откако Луис Муриел го отвори резултатот од пенал во 27 минута, сино-црните играа поопуштено и тоа резултираше со многу шанси пред голот на хрватскиот шампион. Само што почна второто полувреме „Папу“ Гомез со извонреден потег исфрли еден дефанзивец на Динамо и со шут од далечина го погоди голот. Тимот од Бергамо имаше уште неколку шанси но резултатот остана 2:0.

Динамо сега виси не само за второто место туку и за третото кое води во Лига Европа. „Модрите“ во последното коло ќе играат дома со Манчестер Сити, додека Аталанта со оваа победа се враќа во игра за место во осминафиналето, се разбира ако го победи Шахтјор во гости.

Во другите натпревари: Јувентус – Атлетико 1-0, Манчестер Сити – Шахтјор 1-1, Црвена Звезда – Баерн 0-6, Галатасарај – Бриж 1-1, Локомотива – Баер Леверкузен 0-2.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore