Според најновите проекции, а по ноемврискиот последен циклус во квалификациите за ЕВРО 2020, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе остане на 68-то место на ФИФА листата. Официјалната објава ќе биде в четврток на 28 ноември. Значи четата на селекторот Игор Ангеловски, по поразот од Австрија и победата над Израел, ќе го задржи пласманот на ФИФА листата од минатиот месец.

Такви се проекциите, сепак останува да почекаме уште два дена и да ја видиме и официјалната листа на ФИФА.