Златан Ибрахимовиќ утринава го шокираше фудбалскиот свет откако на своите профили на социјалните мрежи го стави своето презиме на дресот на шведски Хамерби.

Тамошните медиуми веќе објавија дека првите луѓе на клубот биле во Лос Анџелес да преговараат со фудбалерот, но гласноговорникот на клубот на ова прашање од медиумите не даде конкретен одговор.

„Ибрахимовиќ во моментов не е со нас и нема што повеќе да кажам на таа тема. Ако стане наш играч, односно ако потпише договор ќе го објавиме тоа. Но кога се работи за засилувања, за тоа мора да зборувате со менаџерите на клубот.“

Се шпекулира и дека се работи само за маркетиншки трик на Ибрахимовиќ.