Токму кога беше најпотребно екипата на Работнички одигра сосема добро, постигна два гола, го надигра Борец и освои големи три бода. Сега полесно се дише, сега „романтичарите“ заостануваат само два бода од велешани и од „гипсарите“. Овој триумф на момците на стратегот Андрески ќе им даде поголема самодоверба во пресрет на дуелите со Силекс и Ренова, со цел да се извлечат од бездната. А со ваква игра и Шкендија нема да биде непобедлива во Купот.

А за велешани што да се каже? Тие и натаму не знаат што е тоа бод(ови) од гости!