Европскиот првак Ливерпул успеа да освои бод во дуелот со Наполи (1:1) во 100 меч на Јирген Клоп во европските купови. „Црвените“ имаа негатива по првото полувреме откако Дрис Мертенс го совлада Алисон, а во вториот дел Дејан Ловрен го изедначи резултатот и го задржа Ливерпул на чело на табелата во групата Е.

Ливерпул е веќе во осминафиналето, но во опасна ситуација е Наполи кој е втор со девет бодови и два повеќе од Салцбург кој вечерва со убедливи 4:1 го совлада Генк во гости. Добро е што Неаполитанците ќе играат со отпишаниот Генк на домашен терен во последното коло па можат да се надеваат на место во осминафиналето.

 

Барселона му нанесе уште еден тежок удар на Борусија Дортмунд. Вечерва на „Ноу Камп“ славеше со 3:1 оправдувајќи ја фаворитската улога. Меси, Суарез и Гризман погодија за Барса, а утешниот гол за германскиот тим го постигна Санчо во 77 минута.

А Интер ги однесе бодовите од жешката Прага. По првото полувреме резултатот беше 1:1 и се одеше кон тоа дека на овој меч нема да има победник, но во 81 минута Ромелу Лукаку ја затресе мрежата на Чесите и го трасира патот на „нероаѕурите“ кон победата. По него гол даде и Мартинез за конечни 3:1 (и Лукаку постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд) и скок на миланскиот тим на второто место на табелата. Сега Борусија виси за осминафиналето. Барса е веќе во наредната фаза, а токму Интер и Борусија имаат исто бодови (по седум).

„Милионерите“ имаат шанси за да извадат билет за нокаут рундата бидејќи ќе играат дома со отпишаната Спарта, додека Интер има потешка задача затоа што ќе се соочи со Барселона.

Во другите натпревари Ајакс го победи Лил во гости со 2:0, а Лајпциг губеше со 0:2 дома од Бенфика се до 88 минута. Тогаш Форсберг од пенал намали, а во 96 минута истиот играч изедначи на 2:2 и донесе бод за екипата од Источна Германија.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore