Фудбалерите на Зенит извојуваа исклучително важна победа од 2:0 над екипата на Олимпик Лион и останаа во трка за место во следната фаза. Русите со головите на Џуба и Оздоев успеаја да ги освојат трите бода во меч во кој беа подобар ривал од францускиот преставник. Со оваа победа Зенит се израмни по бројот на бодови со Лион и во последното коло во оваа група ќе се решат сите дилеми околу пласманот на првите две места.

 

На „Местаља“ беше и понеизвесно и многу повозбудливо. Валенсија и Челзи понудија одличен меч со 4 гола и еден промашен пенал. Домашните поведоа со голот на солер во 40. минута, но гостите само минута подоцна израмнија преку Ковачиќ на 1:1.


Во вториот дел по пет минути игра, Пулишиќ ја затресе домашната мрежа за предност на Челзи од 2:1, по што домашните добија пенал во 64. минута, кој Парехо не успеа да го претвори во израмнување. Сепак во финишот на мечот Вас успеа да погоди за 2:2.


Standings provided by Sofascore LiveScore


Standings provided by Sofascore LiveScore