Екипата на Наполи има предност во дуелот со европскиот првак Ливерпул и тоа на „Енфилд“ по првите 45 минути од мечевите од 5 коло во ЛШ. Погодокот го постигна Дрис Мертенс во 21 минута. Да потсетиме дека Наполи никогаш не славел на „Енфилд“.

Барселона лесно стигна до 2:0 против Борусија Дортмунд. Головите ги постигнаа Суарез и Меси со тоа што двајцата си поделија по асистенција. Инаку во 26 минута од теренот излезе Осман Дембеле поради повреда, а влезе Гризман.

Ајакс, Салцбург и Бенфика како гости имаат предност во дуелите со Лил, Генк и РБ Лајпциг. Славија Прага против Интер е 1:1.