Одлуката Златан Ибрахимовиќ да биде косопственик на клубот Хамарби од Стокхолм ги налути навивачите на Малме, клубот во кој репрезентативецот на Шведска со босански корени ја почна фудбалската кариера и кој го вивна во височините. Логично навивачите се кренаа на бунт и со погрдни зборови му порачуваат на Ибрахимовиќ дека тој е избришан од Малме.

Го жалам. Тој ги изгоре сите мостови кон нас и не е повеќе идол за помладите генерации фудбалер на Малме. Ние сме разочарани од него, а и фановите го изразија своето незадоволство“, изјави потпретседателот на Малме Каве Хосејнпур.

Тој е предваник. Беше наша икона, веќе не е. Откако тој замина, веќе си имаме друга икона која го надмина – Маркус Розенберг. Никој го градот не игра фудбал со дрес на Лос Анџелес Галакси со името на Златан. Тука сите носат дрес на Розенберг“, додаде Хосејнпур.

А утринава бесен фан закачил школка од вц шолја на статуата на Ибрахимовиќ во Малме јасно покажувајќи му на фудбалерот деке веќе е никој и ништо за нив.